Премиерот Христијан Мицкоски пред почетокот на вториот ден на Самитот на НАТО во Вашингтон изјави дека државата е подготвена заедно со сојузниците да го додаде својот придонес и да ја потврди посветеноста во промовирање на мирот, стабилноста и владеењето на меѓународното право.
„Остануваме посветени на исполнување на обврските, односно минимум два проценти од БДП да бидат инвестирани во модернизација на нашата Армија, нешто коешто е многу важно, затоа што само на тој начин ќе ги следиме современите чекори и ќе ја следиме најголемата светска одбранбена алијанса што некогаш постоела“, рече Мицкоски.
Лидерите на НАТО се собраа на 9 јули во Мелон Хол во Вашингтон за да ја прослават 75 годишнината од Алијансата, основана на истото место.
Видете и ова: Земјите од НАТО на самитот во Вашингтон ветија поголема помош за УкраинаВо заедничка изјава што ја виде Ројтерс, сојузниците ветија дека ќе ја поддржат Украина на „патот кон интеграција без враќање“ и ја повикуваат Кина да престане да ја поддржува Русија во нејзината војна против Киев.
Мицкоски посочи дека „македонска Влада сака да бидеме рамо до рамо со нашите сојузници и да го потврдиме слободарски дух на македонскиот народ и на македонските граѓани“.
Тој изрази задоволство што заедно со останатите лидери на земјите членки на НАТО присуствува на ова одбележувањето на 75-годишнината од формирањето на како што рече, најголемата одбранбена алијанса во светската историја.
Мицкоски на Самитот на НАТО во Вашингтон ја предводи македонската делегација во чиј состав се и министрите за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, за одбрана Владо Мисајловски и за внатрешни работи Панче Тошковски.