Ирачкиот суд на 10 јули осуди на смрт една од вдовиците на поранешниот водач на таканаречената Исламска држава, Абу Бакр ал-Багдади, поради тоа што била соучесник во злосторствата врз жените Јазиди, заробени од милитантната група.
Пресудата доаѓа во пресрет на одбележувањето на 10-годишнината откако „Исламска држава“ започна серија напади врз припадниците на етничкото малцинство Јазиди во северниот ирачки регион Синџар.
Тогаш беа убиени илјадници луѓе, а голем број жени и деца биле одведени во заробеништво каде што биле изложени на трговија со луѓе и сексуална злоупотреба.
Видете и ова: Долги судења и мизерен надомест: слична судбина на жртвите од воени силувањаОбединетите нации објавија дека кампањата против Јазидите претставува геноцидна акција.
Во соопштението на ирачкиот суд се вели дека Кривичниот суд во Карх ја осудил жената за „заклучување на језидска жена во нејзината куќа“ и за овозможување на нивното киднапирање од страна на „терористичките групи на Исламска држава во областа Синџар“, објави државната ирачка новинска агенција.
Исто така, се вели дека пресудата е донесена во согласност со ирачкиот антитерористички закон и „Законот за преживеани Јазиди“.
Во соопштението не се наведува името на обвинетата, но двајца анонимни судски службеници ја идентификуваа како Асма Мохамед, која беше уапсена во 2018 година во Турција.
Претставник на ирачката безбедност на 10 јули изјави за Асошиетед прес дека таа била предадена на ирачките власти минатата година.
Преживеаните од нападот на Исламската држава во Ирак претходно се жалеа на недостаток на одговорност и ја критикуваа одлуката донесена на барање на ирачката влада да ја прекине истрагата на Обединетите нации за злосторствата на Исламската држава, вклучително и наводната употреба на хемиско оружје.
Видете и ова: Штит против агресија, бедем за мир и просперитет - 75 години НАТОВо исто време, групите за човекови права изразија загриженост поради недостигот на правилен процес во судските процеси на наводните членови на Исламската држава во Ирак и особено ги критикуваа масовните егзекуции на осудените за обвиненија за тероризам.
Амнести интернешнал и Хјуман рајтс воч рекоа дека признанијата што доведуваат до пресуди често се извлекуваат под тортура и го повикаа Ирак да ја укине смртната казна.
На 29 јуни 2014 година, Ал Багдади прогласи калифат во големи делови од Ирак и Сирија.
Тој беше убиен во американски напад во Сирија во 2019 година, нанесувајќи ѝ голем удар на милитантната група, која сега ја изгуби контролата врз речиси сите области што претходно ги контролираше, иако некои од нејзините ќелии продолжуваат да вршат смртоносни напади во регионот.