Русија ја напаѓа пристанишната инфраструктура во Одеса

Последици од напад на руско беспилотно летало во пристанишен комплекс на Дунав по руски напад, во регионот Одеса, Украина

На 10 јули Русија нападна инфраструктурни цели во украинското црноморско пристаниште Одеса и седум други украински региони, објавија украинските воздухопловни сили.

Украинските противвоздушни системи соборија три од пет проектили и 14 од 20 беспилотни летала лансирани од Русија врз цели во регионите Одеса, Миколаев, Херсон, Дњепропетровск, Хмелницки, Черкаси, Виниција и Ривне, изјави командантот на украинските воздухопловни сили Микола Олешчук на Телеграм.

Три крстаречки ракети и три беспилотни летала беа соборени над пристаништето во Одеса, додаде Олешчук.

Видете и ова: Испораките и производството на европска муниција за Украина, далеку од ветените

Одеса, критичното пристаниште за украинскиот извоз на жито, постојано е цел на Русија.
Руската војска редовно ги напаѓа украинските региони со различни видови оружје - беспилотни летала, ракети и противвоздушни ракети.

И покрај доказите и сведочењата, Москва негираше дека цели на цивили од почетокот на инвазијата во целосен обем.