Властите во Грузија ќе им обезбедат на своите вооружени сили се што им е потребно и покрај одлуката на Европската унија да ја замрзне распределбата на 30 милиони евра наменети за Министерството за одбрана на земјата, изјави генералниот секретар на владејачката партија „Грузиски сон - Демократска Грузија“ Каха Каладѕе, пренесоа руските медиуми.
„Порано добивавме благодарност за тоа што нашата војска во мировните мисии е побројна од онаа на земјите на НАТО. И денес Европската Унија излезе и вели дека ги укинува парите за армијата и им ги дава на поранешниот грузиски омбудсман Нино Ломџарија и претставникот на невладината организација Еке Гигаури. Армијата нема да изгуби ништо. Властите ќе сторат се што е можно за да се осигураат дека таа ќе има се што и е потребно за да биде најдобро“, рече Каладзе.
Видете и ова: ЕУ го стопираше пристапниот процес за Грузија и ја замрзна финансиската помошВластите, наведе тој, го бранат суверенитетот на земјата, државноста и секој граѓанин.
„Никој нема да добие можност да ја украинизира земјата. Мирот ќе биде зачуван по цена на живот. Не планираме да се приклучиме на какви било санкции. Ни треба стабилност и развој на земјата“, додаде Каладѕе.
Амбасадорот на ЕУ во Тбилиси, Павел Херчински, вчера соопшти дека е донесена одлука за замрзнување на 30 милиони евра, кои требаше да бидат доделени на грузиското Министерство за одбрана. Херчински исто така рече и дека е запрен процесот за приклучување на Грузија во ЕУ.