Шпанија е прв финалист на Европското првенство

Минхен - Натпревар Шпанија- Франција, 9 јули 2024 година.

Репрезентацијата на Шпанија е прв финалист на Европското првенство 2024 откако ја совлада Франција со 2:1 во првото полуфинале во Минхен.

Франција конечно постигна гол од игра и прва дојде до водство со голот на Коло Муани на асистенција на Мбапе.

Потоа следуваше голот на 16-годишниот Шпанец Јамал со кој стана најмладиот голгетер во историјата на ЕП и на Светските првенства.

Само неколку минути подоцна Олмо погоди за целосен пресврт 2:1.

Видете и ова: ЕУРО 2024: Подгответе се за натпревари, политика и ултраси

Во второто полувреме Дешамп направи неколку офанзивни измени, Франција тргна на се или ништо, но не создаде изгледни шанси за гол и не успеа да израмни.

Во вториот полуфинален натпревар во среда, на 10 јули, во Дортмунд ќе се сретнат Холандија и Англија.

Финалето на ЕП 2024 ќе се одржи на 14 јули на Олимпискиот стадион во Берлин.