Четири земји од Централна Азија почнаа заеднички воени вежби на копно, море и воздух без учество на Русија и Кина, двете највлијателни сили во регионот.
Околу 4000 воен персонал, воени бродови, авиони, артилерија и тенкови, ќе учествуваат во воените вежби наречени „Бирлестик-2024“ (Сојуз на казахстански). Воената вежба што ќе се одржува во Каспиското Море ќе трае до 17 јули.
Во воената вежба во Азербејџан учествуваат Казахстан, Киргистан, Узбекистан и Таџикистан без неутралниот Туркменистан.
Видете и ова: САД, Јужна Кореја и Јапонија се согласија да одржат заеднички воени вежбиМинистерството за одбрана на Киргистан соопшти дека за време на вежбата војниците ќе треба да ослободат остров заземен од терористите и да спроведат операции за безбедност на морето и да се заштити инфраструктурата.
Централноазиските држави редовно учествуваат во воени вежби со Русија, како дел од Организацијата на Договорот за колективна безбедност и со Кина под покровителство на Шангајската организација за соработка.