Лидерите на западната воена алијанса денеска (9 јули) се состануваат во Вашингтон. Годишниот самит на НАТО, кој ќе трае до 11 јули, се совпаѓа со 75-годишнината од неговото основање и се одржува додека трае војната во Украина.
Според генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, самитот ќе се фокусира на три главни теми.
Првата е да се зајакне одбраната. Од руската анексија на Крим во 2014 година, главен приоритет на НАТО беше да ја зајакне својата одбрана за да избегне војна. Оваа агенда се промени пред две години, откако Русија започна целосна инвазија на Украина.
На самитот во Мадрид, НАТО договори нов стратешки концепт, кој се заснова на постоечките напори за зајакнување на одбраната. Една година подоцна, во Вилнус, сојузниците се договорија за нови планови за исполнување на таа визија. Самитот во Вашингтон сега ќе се фокусира на спроведување на овие планови, за да се одврати вооружениот напад и да се заштити Алијансата.
Видете и ова: Штит против агресија, бедем за мир и просперитет - 75 години НАТООд Мадрид, сојузниците на НАТО постигнаа напредок во имплементацијата - зголемување на трошоците за одбрана, додавање сили за висока готовност, модернизирање на командата и контролата, трансформирање на вежбите за колективна одбрана и успешно интегрирање на новите сојузници: Финска и Шведска.
Друга тема на самитот ќе биде поддршката за напорите на Украина да се одбрани од руска инвазија.
„Украина ќе биде „на врвот на нашата агенда и ние сме на добар пат кон успешен самит“, рече Столтенберг.
Сепак, речиси и да нема шанси Украина да добие официјална покана за членство во НАТО за време на самитот во Вашингтон. Пакетот на НАТО за Украина ќе се состои од три дела: јазик, координација и помош.
Јазикот во врска со членството на Украина ќе треба да се надоврзува на ветувањето на Вилнус дека „иднината на Украина е во НАТО“. Високи американски функционери зборуваа за пакетот Вашингтон како „силен мост“ до членството кое е „добро осветлено, кратко, фер, непречено“. Но, преговорите за точниот текст на коминикето на самитот најверојатно ќе продолжат до последен момент.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
А, третата тема на самитот ќе биде зајакнувањето на глобалното партнерство на НАТО.
Сојузниците на НАТО сè повеќе сфаќаат дека предизвиците со кои се соочуваат се испреплетени со другите региони. На пример, 40 отсто од европската трговија минува низ Јужното Кинеско Море, додека руската војна во Украина е поддржана со увоз на муниција од Северна Кореја и кинески стоки за двојна употреба.
Како што потврди и помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања Џим О'Брајан, партнерството во Индо-Пацификот ќе биде главна тема на самитот во Вашингтон. Четири од индо-пацифичките партнери на НАТО - Австралија, Јапонија, Нов Зеланд и Јужна Кореја - веќе се редовни учесници на самитите на алијансата.
Во Вашингтон ќе престојуваат претставници на сите партнери во НАТО, вклучително и Европската Унија. Македонска владина делегација е предводена од премиерот Христијан Мицкоски, а во нејзиниот остав се министрите за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, за одбрана Владо Мисајловски и за внатрешни работи Панче Тошковски.