Основниот кривичен суд во Скопје го прифати обвинението против четири лица за случајот со убиствата на 14-годишната Вања и велешкиот фризер Панче Жежовски (74).
Наскоро се очекува да се закаже и првото судско рочиште.
„По разгледување и ценење на актот како и доставените приговори изјавени против обвинението од страна на одбраната на обвинетите, донесе решение со кое – Приговорите на одбраната се одбиваат како неосновани, а Обвинителниот акт се одобрува во целост“, соопштија од Основниот кривичен суд на 8 јули.
Обвинението беше поднесено на 31 мај против три лица за по две кривични дела убиства и грабнување, како и против таткото на 14-годишното девојче, кој се гони за помагање го грабнувањето.
Видете и ова: Палевски на распит во ОЈО, негирал поврзаност со убиствата на Ѓорчевска и ЖежовскиПрвоосомничениот во случајот, Љупчо Палевски – Палчо, не беше опфатен со обвинението бидејќи тој првично избега во Турција од каде беше екстрадиран на 15 мај. За него и за уште едно лице, кое се сомничи дека му помогнало во бегството, истрагата продолжи.
Телата на малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 24 и 27 ноември беа пронајдени закопани во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.