Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити коментирајќи ги најавите за укинување на балансерот нагласи дека тој не се укинува, туку, како што рече, се унапредува во закон за правична застапеност.
„Не се укинува балансерот, туку се унапредува и тоа ќе биде во својство на закон за правична застапеност. Така што, тоа ќе биде во интерес на мултикултурната и мултиетничка држава Северна Македонија“, рече Меџити, кој заедно министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани, градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу и пратеникот Беким Сали денеска се сретна со претставниците на Здружението на пензионери на Чаир.
Тој потенцираше дека механизмот по 2001 година првично бил во функција на застапеност на помалите заедници, но последните години, како што рече, имал контраефект.
„Имавме многу случаи каде Македонец се пријавуваше кога требаше да се вработи како Албанец, Турчин, Влав или нешто друго или обратно на локално ниво. Значи, не беше во функција, туку беше во контрафункција“, рече Меџити.
Видете и ова: ДУИ загрижена поради најавите за укинување на „балансерот“Неодамна, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски најави дека укинувањето на балансерот ќе оди во фази, нагласувајќи дека со тоа ќе се стави крај првично да се биде од некој етникум, а потоа да се биде професионалец во некоја област и да се има квалитет и образование. Стручноста, додаде, ќе биде пред изборот на етничка припадност.
Видете и ова: Андоновски најави укинување на балансерот: Времето на балансирање по етнички клуч e минатоТој посочи дека бројките во дигиталната алатка балансер веќе се променети за да одговараат на резултатите на резидентното население од Пописот во 2021 година.
Според Рамковниот договор потпишан во Охрид во 2001 година, со кој се стави крај на конфликтот во Македонија меѓу припадниците на Ослободителната народна армија-ОНА и македонските вооружени сили, една од главните промени беше вработувањето по етнички клуч во јавната администрација.