Израелските сили го нападнаа градот Газа рано на 8 јули, испраќајќи колони тенкови во срцето на градот од различни правци.
Цивилната служба за итни случаи во Газа, која е во рацете на Хамас, која САД и ЕУ ја прогласија за терористичка организација, соопшти дека верува оти десетици луѓе се убиени во источниот дел на Појасот Газа и дека екипите за итни случаи не можеле да стигнат до нив поради тековната офанзива во предградијата на Тел Ал-Хава, Сабра, Дарај, Римал и Туфа.
Во соопштението на израелската армија се наведува дека започнала операција против милитантната инфраструктура во Појасот Газа и дека елиминирала повеќе од 30 борци кои претставуваат закана за израелските војници.
Видете и ова: Протести во Израел: блокирани патишта, се бара договор за заложниците во ГазаВојната во Газа започна откако Хамас го нападна јужниот дел на Израел на 7 октомври, убивајќи околу 1200 луѓе и зеде 250 заложници.
По масакрот на Хамас, главно на цивили, Израел започна офанзива против Газа.
Најмалку 87 828 луѓе загинаа во борбите, според Министерството за здравство на Газа под контрола на Хамас. На таа палестинска територија живеат околу 2,3 милиони луѓе.