Францускиот премиер Габриел Атал вечерва најави дека ќе поднесе оставка во понеделник по вториот круг од парламентарните избори.
Атал рече дека ќе поднесе оставка до францускиот претседател Емануел Макрон, но дека ќе „продолжи да ја извршува функцијата онолку долго колку што е потребно“, особено поради претстојните Летни олимписки игри во Париз.
Видете и ова: Избори во Франција: левицата во водство, екстремната десница ограниченаВо вториот круг од вонредните парламентарни избори во Франција, најмногу гласови во неделата доби левичарската коалиција Нов народен фронт.
Според првите проценки на излезните анкети, пред таборот на претседателот Макрон и екстремната десница, така што ниту еден блок не доби апсолутно мнозинство.