Турција може во секое време да испрати покана до сирискиот претседател Башар ал Асад за можни разговори за обновување на односите меѓу двете соседни земји, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на 7 јули.
„Ќе ја испратиме нашата покана до Асад и со тоа сакаме да ги вратиме турско-сириските односи на исто ниво како порано. Нашата покана може да биде испратена во секое време“, нагласи Ердоган.
Турција ги прекина врските со Сирија во 2011 година по избувнувањето на војната во која ги поддржа бунтовничките сили кои сакаат да го соборат Асад.
Видете и ова: Борел: На самитот на туркофонски земји Орбан ја претставува Унгарија, а не и ЕУАнкара изврши неколку прекугранични воени операции против милитантите за кои вели дека ја загрозуваат нејзината национална безбедност и воспостави „безбедна зона“ во северна Сирија, каде што сега се стационирани турските сили, пренесува Ројтерс.
Ердоган истакна дека Анкара ќе иницира реципрочни мерки за секој позитивен чекор на Дамаск и дека рускиот претседател Владимир Путин и ирачкиот премиер Мохамед Шија Ал Судани можат да придонесат за воспоставување контакт.
Турскиот претседател додаде дека сега се дојдени до точка од која, доколку Асад направи чекор кон подобрување на односите со Турција, Анкара може да одговори со истиот пристап.
Сириските власти постојано укажуваат дека може да се воспостави секаков вид нормализација на односите откако Турција ќе се согласи да повлече илјадници војници од северозападна Сирија.