Поморската мисија на Европската унија која ги штити бродовите што го преминуваат Црвеното Море соопшти дека нејзината фрегата Псара на 7 јули уништила двe беспилотни летала во Аденскиот залив.
Мисијата Аспид започна во февруари како одговор на нападите со беспилотни летала и ракети врз бродови од милитантите Хути поддржани од Иран.
Хутите ги опишуваат нападите како акти на солидарност со Палестинците во израелската војна во Газа.
Други земји, вклучително и Соединетите Американски Држави, исто така имаат поморски сили кои дејствуваат во областа.
Видете и ова: Јеменските Хути ќе ги таргетираат сите бродови што пловат кон ИзраелСАД веруваат дека иранскиот корпус на гардата на исламската револуција помага во планирањето и извршувањето на ракетните напади и нападите со дронови на Хути.
Иран, од друга страна, негира вмешаност.
Коалицијата предводена од Саудиска Арабија долго време го обвинува Иран за вооружување, обука и финансирање на Хутите.
Хутите негираат дека се соработници со Иран и нагласуваат дека тие сами произведуваат оружје.
Хутите извршија повеќе од 50 напади врз бродови во Црвеното Море и Аденскиот Залив од ноември минатата година.