Украина соопшти дека одбила руски напади врз четири региони

Полицаец проверува место каде станбена зграда е тешко оштетена од руски воздушен напад врз Украина, Харкив. 3 јули 2024 година.

Украинските системи за противвоздушна одбрана одбија нов руски ракетен и беспилотен напад врз неколку региони рано на 7 јули, објавија украинските воздухопловни сили.

„Непријателот нападна со две балистички ракети „Искандер-М“ и со 13 беспилотни летала „Шахед“, соопштија од воздухопловните сили на Телеграм.

Видете и ова: Молдавија, Романија и Украина потпишаа договор за борба против руските дезинформации

Во соопштението се додава дека 13 беспилотни летала биле соборени во регионите Кироворад, Харкив, Суми и Полтава.

Одделно, руското Министерство за одбрана на Телеграм објави дека неговите ракети Искандер уништиле два украински фрлачи за ракетни системи земја-воздух Патриот и радарска станица Жирафа во селото Јужне во областа Одеса.

Тврдењето не можеше веднаш да се потврди независно.