Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел го „потсети“ унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој учествува на самитот на Организацијата на земји од турско говорно подрачје, дека тој на состанокот ја претставува својата земја, а не и ЕУ со која
во моментов претседава Унгарија.
Борел во соопштението нагласи дека учеството на Орбан на неформалниот самит на Организацијата на туркофонските земји во азербејџанскиот град Шуша на 5 и 6 јули е исклучиво во рамките на билатералните односи меѓу Унгарија и таа организација.
Организацијата на земји од турско говорно подрачје е меѓународна организација која ги обединува земјите од турско говорно подрачје.
Видете и ова: Унгарија го откажа состанокот со ГерманијаОснована е од Азербејџан, Казахстан, Киргистан и Турција како Совет на туркофонски држави во 2009 година. Унгарија стана членка набљудувач во 2018 година.
Според Орбан, таа организација, блиска до турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, претставува важен столб на соработката Исток-Запад, изјави еден од соработниците на Орбан на мрежата Х, пишува Франс прес.
Во 2022 година, ЕУ ги отфрли изјавите на Турција за пристапување на Турската Република Северен Кипар, која ЕУ не ја признава, како членка набљудувач на таа организација.
Борел го повтори тоа во својата изјава.
„Европската унија ги отфрла обидите на Организацијата на државите што зборуваат турски да го легитимира како набљудувач сецесионистичкиот ентитет на кипарските Турци, таканаречената „Турска Република Северен Кипар“ која не е призната на меѓународно ниво“, напиша тој.
Видете и ова: Европските лидери го криткуваа Орбан дека се ракува со „крвав диктатор“Предупредувањето уследи по сличното предупредување издадено во петокот за посетата на Орбан на Москва, во која Борел рече дека Орбан, чија земја претседава со ЕУ, не добил мандат од Унијата да ја посети Русија, нагласувајќи дека Брисел ја исклучува можноста за официјални контакти со Москва.
Неколку дена претходно, Орбан се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Киев.
Унгарија, самопрогласена „нелиберална демократија“, е казнета поради она што властите во Брисел го гледаат како пад на демократијата, при што ЕУ замрзна шест милијарди евра средства наменети за земјата.