Делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски на 6 јули отпатува за САД, каде ќе учествува на НАТО Самитот во Вашингтон.
Дел од делегацијата со Мицкоски се министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, министерот за одбрана Владо Мисајловски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Инаку, Алијансата во Вашингтон ќе одбележи 75 години од формирањето.
Видете и ова: Столтенберг го потврди пакетот помош од 40 милијарди евра од НАТО за УкраинаМуцунски, во видео објавено на својот Фејсбук порача дека настанот е прилика да го „демонстрираме единството на сите сојузници и заемни заложби за понатамошно унапредување на трансатлантската соработка“.
„Во оваа прилика упатувам благодарност до нашите стратешки партнери за организацијата на овој историски самит, на кој Алијансата одбележува 75 години постоење. Настанот е одлична прилика да го демонстрираме единството на сите сојузници и заемни заложби за понатамошно унапредување на трансатлантската соработка“, рече Муцунски.
Тој додаде дека и понатаму земјата ќе продолжи да биде кредибилен НАТО сојузник, со повеќе од 2% од БДП инвестиции во одбраната како и дека со поддршката која ја земјата ја дава на Украина, порача Муцунски.
Лидерите на НАТО ќе се сретнат во Вашингтон од 9 до 11 јули.