Русија додаде уште двајца новинари на листата „странски агенти“

Руската новинарка Олесија Герасименко.

Руското Министерство за правда додаде уште двајца независни новинари, Олесија Герасименко и Сергеј Јежов, на својата листа на „странски агенти“.

Герасименко работи за „Verstka“ - независна онлајн публикација за вести основана во април 2022 година од група независни руски новинари.

Видете и ова: Руски новинар осуден во отсуство за кршење на „законот за странски агенти“

Јежов е истражувачки новинар во „The Insider.“

Адвокатот Григориј Вајпан, заменикот од Санкт Петербург и ЛГБТ активист Сергеј Трошин и поранешниот општински заменик во Санкт Петербург, Фјодор Уткин, исто така беа додадени на списокот „странски агенти“.

Русија го користи својот закон за „странски агенти“ од 2012 година за да ги етикетира и казнува критичарите на владините политики.