Молдавија, Романија и Украина потпишаа договор за борба против руските дезинформации

Романската министерка за надворешни работи Луминита Одобеску, молдавскиот министер за надворешни работи Михаи Попсои и украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба во Кишињев на 5-ти јули.

Молдавија, Романија и Украина потпишаа заеднички договор за соработка за борба против руските дезинформации.

Договорот беше потпишан за време на трилатералниот состанок на министрите за надворешни работи на трите земји во главниот град на Молдавија, Кишињев, на 5 јули.

Видете и ова: Руското МНР прогласи романскиот дипломат за персона нон грата

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба за новинарите по состанокот изјави дека рускиот „хибриден воен арсенал“ се користи не само против Украина, која Москва ја нападна во февруари 2022 година, туку и против Молдавија.

Средбата меѓу Кулеба и министрите за надворешни работи на Молдавија и Романија, Михаи Попсои и Луминита Одобеску, беше трет трилатерален собир од 2022 година.