Укинато е црвеното ниво на безбедносни закани од тероризам во Србија по „намаленото ниво на безбедносни предизвици, ризици и закани од терористички акт“, српското Министерство за внатрешни работи(МУП) на 5 јули.
Од Министерството за внатрешни работи информираа дека во 19 часот ќе стапи на сила жолтото ниво, кое е умерено ниво на закана од тероризам.
„Во согласност со жолтото ниво на безбедносни закани, припадниците на МУП ќе преземат зголемени мерки на претпазливост и внимание, со цел да ги заштитат објектите од витално значење за Република Србија, клучните инфраструктурни објекти, трговските центри, кината, јавните објекти и местата на масовни собири“, пишува во соопштението.
Безбедносните мерки на целата територија на Србија, со прогласено црвено ниво на безбедносна закана од тероризам беа зголемени по нападот пред Амбасадата на Израел во Белград на 29 јуни.
Тогаш, припадник на Жандармеријата бил погоден од самострел во вратот, а во самоодбрана го употребил оружјето и го победил напаѓачот, кој од здобиените повреди починал.
Полицијата нападот го прогласи за терористички чин.
На денот на нападот, убиениот напаѓач беше идентификуван како Милош Жујовиќ, со верско име Салахудин, кој од Младеновац се преселил да живее во Нови Пазар, на југозападот на Србија, на околу 270 километри од Белград.
Потоа, полициска акција беше спроведена и во Нови Пазар, каде беа извршени претреси на локации за кои се верува дека се поврзани со нападот.