Со посетата на кралот Чарлс во Бакингемската палата, лидерот на лабуристите Кир Стармер стана нов премиер на Велика Британија.
Пред него, кралот го посети Риши Сунак, со што Сунак и официјално поднесе оставка од функцијата премиер, откако неговата Конзервативна партија го претрпе најлошиот изборен резултат во долгата историја на партијата.
Во своето прво обраќање како премиер во „Даунинг стрит“, Стармер му се заблагодари на Сунак за неговиот мандат, посветеност и лидерство. Тој исто така нагласи дека достигнувањата на Сунак како прв британски премиер со азиско потекло „никој не треба да го потцени“.
„Но, сега нашата земја решително гласаше за промени и за враќање на политиката на јавниот сервис“, рече Стармер во своето прво обраќање.
Земјата е прва, партијата е втора, додаде Стармер, седмиот член на Лабуристичката партија што стана премиер.
„Без разлика дали сте гласале за лабуристите или не, всушност особено ако не сте гласале, директно ви кажувам дека мојата влада ќе ви служи“ рече новиот британски премиер.
Лабуристите освоија 34 отсто од гласовите, што е два отсто повеќе од претходните избори, додека конзервативците освоија 24 отсто од гласовите, што е за 20 отсто помалку од изборите во 2019 година.
Во Велика Британија на 4 јули се одржаа општи избори на кои гласачите избраа 650 членови на Долниот дом на парламентот, по што лидерот на партијата со најмногу гласови прво станува мандатар за формирање нова влада, а потоа и премиер.
Велика Британија е поделена на 650 области, наречени изборни единици. Гласачите во секоја од овие изборни единици избираат по еден пратеник во Долниот дом, долниот дом на Парламентот на Обединетото Кралство.