Во последното обраќање во јавноста Риши Сунак, првиот британски премиер со азиско потекло, официјално поднесе оставка од премиерската функција, но и од позицијата лидер на Конзервативната партија.
„Извинете, дадов се за оваа работа, но вие дадовте јасен сигнал дека владата на Велика Британија мора да се промени. А вашиот суд е единствениот што е важен“, рече Сунак во обраќањето пред резиденцијата во Даунинг Стрит.
Тој најави дека ја напушта и функцијата лидер на Конзервативната партија, но додаде дека нема веднаш да поднесе оставка како лидер на партијата, туку откако ќе заврши официјалниот процес за избор на негов наследник.
„Важно е по 14 години владеење Конзервативната партија да се обнови, но и професионално и ефективно да ја преземе својата клучна опозициска улога“, додаде премиерот во заминување.
Тој исто така рече дека земјата сега е посилна отколку пред 20 месеци кога тој првпат ја презеде функцијата и дека е „попросперитетна, поправедна и поотпорна отколку во 2010 година“.
Видете и ова: Убедлива победа на лабуристите во Велика БританијаСпоред досега објавените резултати на изборите во Велика Британија, лабуристите освоиле 411 позиции, конзервативците 119, либералдемократите 71, реформистите во ОК 4 и Зелените 4 мандати.
Меѓу оние кои претрпеа тешки порази во Конзервативната партија е Лиз Трас, премиерката со најкраток мандат, која по овие избори го загуби и пратеничкото место.
Сунак беше првиот премиер со британско-индиско потекло и најмладиот лидер во земјата во модерното време. Кариерата како секретар на Министерството за финансии ја започна во 2019 година. Кога тогашниот канцелар Саџид Џавид поднесе оставка во 2020 година, тогашниот премиер Борис Џонсон го назначи Сунак на неговата позиција.