Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко ослободи најмалку десет политички затвореници, вклучително и опозициски ветеран болен од рак, соопштија активисти за човекови права.
Организацијата за човекови права „Вјасна“ соопшти дека се ослободени три жени и седум мажи. Само на еден ослободен затвореник познат е идентитетот.
Видете и ова: Лукашенко најави амнестија за неколку политички затворенициРоднини потврдија дека е ослободен поранешен лидер на опозициска партија и претседателски кандидат, 67-годишниот Ригор Кастусу. Тој беше уапсен во 2021 година, а следната година беше осуден на 10 години затворска колонија, откако беше прогласен за виновен за заговор против владата и за преземање на власта. Откако бил уапсен, му бил дијагностициран рак.
И покрај невообичаеното помилување, во Белорусија околу 1.400 луѓе се во затвор поради нивните политички активности, од кои повеќето беа уапсени по мирните протести во 2022 година и осудени за низа обвиненија за екстремизам.