Унгарскиот премиер Виктор Орбан на 5 јули ќе отпатува за Москва на средба со рускиот претседател Владимир Путин. Посетата на Орбан на Русија доаѓа неколку дена откако тој се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Киев. Унгарскиот премиер оди во Москва само пет дена откако неговата земја го презеде претседавањето со Европската унија.
Министерот за надворешни работи Петер Сијарто со Орбан ќе го посети и Кремљ, изјави владин извор за Радио Слободна Европа. Сјарто ја посети Русија повеќе од пет пати откако Москва ја нападна Украина пред повеќе од две години.
Путин минатиот месец изјави дека Русија ќе стави крај на војната во Украина само доколку Киев исполни одредени услови. Тие вклучуваат напуштање на амбициите за НАТО и отстапување на четири територии делумно анектирани од Русија, како и на Крим. Украина ги отфрли овие услови и ги нарече апсурдни.
Видете и ова: Орбан му претстави на Зеленски предлог за прекин на огнотДодека беше во Киев, Орбан, кој одржува блиски односи со Путин, рече дека на Зеленски му доставил предлог за прекин на огнот, чија цел е да се запре двегодишната борба со Русија.
Зборувајќи за новинарите по средбата со Зеленски, Орбан не елаборираше за предлогот, но рече дека го прашал украинскиот претседател „дали е можно да се направи пауза, да се запре пукањето и потоа да се продолжат преговорите“, додавајќи дека прекин на огнот „може да обезбеди забрзување на темпото на овие преговори“.