Американскиот претседател Џо Бајден „апсолутно не“ се повлекува од претседателската кампања во 2024 година. Ова го изјави портпаролката на Белата Куќа Карин Жан Пјер на 3 јули.
Во меѓувреме, прашањата за способноста на 81-годишниот актуелен претседател и кандидат за втор мандат продолжуваат да се дебатираат во јавноста по неговиот лош настап на претседателската дебата.
Портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, изјави дека Бајден „останува во трката.
"Тоа е она што претседателот вети дека ќе го направи... тој сака да продолжи да работи на успесите што ги постигнал“, изјави таа.
Видете и ова: Белата куќа: Когнитивен тест за Бајден, не е неопходенНајмалку еден актуелен демократ во Конгресот го повика Бајден да се повлече од трката, а партиските лидери се размислуваат како да се справат со последиците од дебатата, јавува новинската агенција Франс прес.
Бајден закажа средба со сите 23 демократски гувернери на 3 јули и најави дека ќе одговара на прашања на интервју за ABC News на 5 јули.