Поранешниот сенатор Хидајатула Кан и четири лица во неговата придружба беа убиени на 3 јули во експлозија во северозападната пакистанска провинција Хајбер Пахтунхва.
Полицијата во областа Баџаур изјави за Радио Машаал, сервис на Радио Слободна Европа дека возилото на поранешниот сенатор Хидајатула Кан било нападнато во нестабилната област Дамадола.
Тој беше придружуван од неговите двајца чувари и двајца членови на семејството, кои беа убиени во нападот.
Видете и ова: Четворица загинати во бомбашки напад во северозападен дел на ПакистанПоранешниот сенатор Хидајатула Кан бил на патување во кампањата кога неговото возило било цел на напад со бомба на далечинско управување.
Засега нема преземено одговорност за нападот.
Хидајатула Кан се приклучи на Пакистан Техрик-е Инсаф (ПТИ) во 2018 година, откако беше избран во Сенатот. Тој припаѓа на влијателно политичко семејство, а неговиот брат Шаукатула Кан е поранешен гувернер на провинцијата Хајбер Пахтунхва.