Земјите членки на НАТО се согласиле да обезбедат воена помош во вредност од 40 милијарди евра (43 милијарди долари) за Украина до 2025 година, јавуваат светските новински агенции.Според нинвите извештаи до сега не успеале да се обврзат на повеќегодишен воен финансиски пакет за земјата погодена од војна.
Дипломати изјавија за Ројтерс и германската новинска агенција ДПА дека генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг побарал од сојузниците да направат повеќегодишна обврска од 43 милијарди долари пред самитот на Алијансата следната недела во Вашингтон. Но како што тврдат дипломатите, земјите-членки не го поддржале неговото барање.
Сепак, дипломатски извор тврди дека договорот вклучува одредба за реевалуација на придонесите на сојузниците на идните самити на НАТО.
Видете и ова: Средба на Путин и Си на безбедносниот самит во КазахстанПретходно, членките на НАТО одлучија да испратат специјален пратеник во Киев, со што ќе го прошират цивилното присуство на западната одбранбена алијанса во Украина, потврди портпаролот на НАТО за агенцијата ДПА.
Високиот функционер ќе има задача да ја координира политичката и практичната поддршка на алијансата на терен додека Украина продолжува да се брани од руска инвазија.
Одлуката доаѓа пред самитот на НАТО кој треба да се одржи од 9 до 11 јули во Вашингтон, каде што се очекува лидерите официјално да го усвојат планот на Алијансата за воена координација на помошта за Украина во рамките на формалната мисија наречена НАТО безбедносна помош и обука за Украина.