Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека најверојатно ќе ослободи од затвор неколку од неговите политички противници, а кои сега се тешко болни од рак.
Лукашенко, кој е на власт од 1994 година, е еден од најблиските сојузници на рускиот претседател Владимир Путин, а неговите противници и западните групи за човекови права го обвинуваат за кршење на човековите права и затворање на противниците по различни обвиненија.
Реизборот на Лукашенко за шести мандат во 2020 година предизвика улични протести на кои тој беше обвинет за местење на изборите. Полицијата масовно апсеше демонстранти, а групите за човекови права велат дека повеќе од 25 000 луѓе завршиле во затвор во месеците по изборите.
„Немојте да се чудите ако луѓето кои ја поткопаа државата во 2020 година бидат ослободени за неколку дена. Тие се навистина болни, главно од рак“, рече Лукашенко на митингот по повод националниот празник на Белорусија, кој се одбележува денеска (3 јули).
Видете и ова: Новинарот на РСЕ Ихар Лосик се наоѓа во затвор веќе четири годиниЛукашенко не ги идентификуваше оние кои би можеле да се квалификуваат за амнестија.
Опозициската група за заштита на правата „Вјасна“ наведува дека има 1403 политички затвореници во Белорусија. Од мај, бројот на политички затвореници чие здравје е загрозено е 254, вклучувајќи 92 тешко болни и 63 на возраст над 60 години.