Руските сили продолжија со артилериските напади во украинската област Запорожје на 3 јули, при што беше ранет еден човек и уништени 14 куќи, изјави гувернерот на регионот, Иван Федоров.
Неколку дена претходно седум цивили беа убиени во рускиот напад на градот Вилњанск во Запорожје.
Видете и ова: По руските напади, Зеленски бара повеќе системи за противвоздушна одбранаРуското Министерство за одбрана во среда објави дека соборило 10 украински беспилотни летала над регионите Белгород, Брјанск и Москва, јави украинскиот сервис на Радио Слободна Европа.
Министерството додаде дека исто така потонале два брода без екипаж кои се движеле кон Новоросијск во Црното Море.