Руското Министерство за одбрана во вторникот соопшти дека уништило пет украински борбени авиони од типот СУ-27 и оштетило уште два други на аеродромот „Мирхород“ во областа Полтава во Украина.
Уништувањето руските сили, како што соопштија, се направило со ракетите „Искандер-М“.
Министерството објави и видео од нападот, на кое се гледа како чад и оган се издигаат од аеродромот.
„Како резултат на рускиот напад, уништени се пет активни повеќенаменски борбени авиони СУ-27, а два се оштетени“, пишува во Министерството, пренесува Ројтерс.
Видете и ова: Украина се соочува со прекини поради летната побарувачка и руските нападиРусија ги напаѓа украинските аеродроми токму во моментот кога Киев се подготвува да ги прими првите американски авиони Ф-16, кои Москва вели дека ќе ги уништи.
Портпаролот на украинските воздухопловни сили рече дека нападите предизвикуваат „одредени тешкотии“, но нема ниту да ја загрозат испораката на Ф-16 ниту нивната употреба во борбите со руските сили.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на неговата земја и требаат повеќе системи за противвоздушна одбрана од нејзините сојузници.
„Има начини да се надмине секојдневниот руски терор од кој страдаат украинските градови. За тоа е потребно да се уништат руските терористи, како и да се зголеми бројот на модерни системи за противвоздушна одбрана во Украина“, рече Зеленски.
Русија ги засили воздушните напади оваа година во обид да ги исцрпи ресурсите на Украина. Нападите често се насочени кон енергетските објекти и друга витална инфраструктура.
Украинските власти тврдат дека половина од националниот електроенергетски систем е оштетен од руските напади.