Српскиот претседател Александар Вучиќ и рускиот заменик министер за надворешни работи Александар Грушко ги оценија односите меѓу Србија и Русија како „многу добри“.
Вучиќ објави фотографија од заедничката средба на инстаграм и напиша дека особено и се заблагодарува на Русија за поддршката на територијалниот интегритет на Србија, како и за Резолуцијата на ОН за Сребреница.
За време на усвојувањето на Резолуцијата за Сребреница во Собранието на ОН во мај, Русија гласаше против документот со кој 11 јули се прогласува за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница и повикува на крај на негирањето на геноцидот и глорификацијата на воените злосторници. Србија лобираше против усвојувањето на таа резолуција.
Белград има поддршка од Москва и во одбивањето да ја признае независноста на Косово.
Освен политичка, двете земји развиваат и воена и економска соработка.
Видете и ова: Црвеното ниво за безбедност во Србија ќе биде на сила уште неколку деновиГрушко претходниот ден во Белград се сретна и со министерот за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, со кого разговарал за актуелни безбедносни прашања и ја изразил потребата од континуирана координација на надлежните безбедносни институции, соопшти МВР.
Во разговорот Дачиќ истакна дека безбедноста на сите граѓани на Србија, како и на сите дипломатско-конзуларни претставништва во земјата е приоритет на работата на МВР и дека Србија ќе ја обезбеди нивната безбедност.
Исто така, заменик-министерот за надворешни работи на Русија во првиот ден од посетата на Србија се сретна со вицепремиерот на Србија и поранешен шеф на разузнавачката агенција Александар Вулин, кој се наоѓа на листата на санкции на Соединетите Држави поради неговата односи со Москва.
„Вулин и Грушко се согласија дека соработката меѓу двете земји, која се заснова на пријателство и меѓусебно почитување, е на исклучително ниво во сите области и ја истакнаа посветеноста за натамошен развој на политичката, безбедносната и економската соработка“, соопштија во соопштението од канцеларијата на Вулин.