Не долго откако бугарскиот претседател Румен Радев побара од централнодесничарската коалиција ГЕРБ-СДС да формира нова влада на 1 јули, партијата го поднесе својот предлог за малцински кабинет на чело со поранешниот претседател на парламентот Росен Жељазков.
Предложениот кабинет, во кој доминираат поранешни министри од ГЕРБ и претставници на актуелната привремена влада, ќе биде доставен на разгледување до парламентот, пишува редакцијата на Радио Слободна Европа на англиски јазик.
За прифаќање на предлогот е потребно просто мнозинство.
„Ова е влада која може да ја сподели одговорноста и влада во која ГЕРБ и СДС се целосно одговорни“, рече лидерот на ГЕРБ и поранешен премиер Бојко Борисов.
ГЕРБ на изборите на 9 јуни освои 68 места во законодавниот дом од 240 места.
Партијата Движење за права и слободи, која има 46 пратенички мандати, најави дека ќе гласа за предложената влада.
Видете и ова: Румен Радев му го врачи на ГЕРБ-СДС мандатот за формирање владаБорисов побара поддршка и од релативно новата коалиција „Континуирани промени-Демократска Бугарија“, која има 39 места и беше партнер на ГЕРБ во коалициската влада која пропадна во март дека предложената влада би можела да биде краткотрајна и дека ќе биде фокусирана за итните прашања, особено за носењето на буџетот.
„Во моментов не зборуваме за програма за управување за четири години“, рече Желјазков.
„Зборуваме за конкретни политики кои можат да го смират политичкиот разговор. Најважно е стабилизацијата на јавните финансии и стабилноста во нашата европска перспектива“, додаде тој.
Привремената влада предводена од премиерот Димитар Главчев положи заклетва во парламентот на 9 април, откако беше именувана од претседателот Румен Радев, кој најави и предвремени општи избори за 9 јуни.
Јунските избори беа шести национални избори во последните три години.