Не гледам можност за промена на преговарачката рамка и таа позиција не е променета по изборите, изјави евроамбасадорот Дејвид Гир, по денешната средба со Министерот за европски прашања Орхан Муртезани. Ова е одговорот на Гир на прашањето дали има шанса за промена на преговарачката рамка.
„Секогаш сум бил многу јасен за овој договор што беше постигнат во јули 2022 година што резултираше со отворање на пристапните преговори и скрининг процесот. Не гледам можност за промена на преговарачката рамка “, рече Гир.
Претходно премиерот Христијан Мицкоски рече дека не гледа причина да не се додаде уште еден предлог кон Договорот за добрососедство со Бугарија.
Мицкоски појасни дека т.н. француски предлог од кој прозилегоа уставните измени е всушност репреговарање на Договорот за добрососедство.
Неговиот коментар следуваше откако американската амбасадорка Анџела Агелер во интервју за Радио Слободна Европа рече дека преговори нема да има ниту за Преспа, ниту со Бугарија за влез во ЕУ.
Видете и ова: Мицкоски: Не гледам зошто да не се додаде уште некој предлог кон Договорот со БугаријаВо однос на пораката што се праќа со намалувањето од вицепремиерско на министерско место за европски прашања според Гир, важно е тоа што процесот на евроинтеграција останува високо на политичката агенда.
„Ова е тоа што Владата го вели. Ќе ја оценуваме Владата врз основа на тоа што го прави. Ако сака да продолжи напред на евроинтегративниот пат ние ќе бидеме цврсти и посветени партнери, изјави Гир.
Прашан за планот на Питер Ванхојте за евроинтегративниот пат на земјава, Гир рече дека не е сигурен дека постои таков план, посочувајќи дека Ванхојте работи на проект, финансиран од Белгија, за градење на добрососедски односи во Северна Македонија и соседите.
- Но, надвор од тоа ние во ЕУ не сме поврзани со таа конкретна иницијатива, нагласи Гир.
Министерот за европски прашања Орхан Муртезани посочи дека секоја помош во процесот на зачленување кон ЕУ е добредојдена, вклучителчно и помошта на Питер Ванхојте, но дека тој како новоназначен министер нема видено никаков конкретен план, за да може да даде коментар.