Премиерот Христијан Мицкоски не гледа причина да не се додаде уште еден предлог кон Договорот за добрососедство со Бугарија.
Мицкоски појасни дека т.н. француски предлог од кој прозилегоа уставните измени е всушност репреговарање на Договорот за добрососедство. Неговиот коментар следува откако американската амбасадорка Анџела Агелер во интервју за Радио Слободна Европа рече дека преговори нема да има ниту за Преспа, ниту со Бугарија за влез во ЕУ.
„Што се однесува во уставните измени, кои се дел од т.н. француски предлог, кој што е додаток на Договорот за добрососедство, односно репреговарање на Договорот за добрососедство и во однос на тоа нашиот став го знаете дека диктати и ултиматуми не прифаќаме, така што ако може Договорот за добрососедство да биде репреговаран и на него да му се додаде т.н. „француски предлог“ не гледам причина зошто да не се додаде некој француски предлог плус или некој друг предлог, кој ќе ги опфати барањата на македонскиот народ, на Македонците во Бугарија“, изјави Мицкоски.
Видете и ова: Агелер: Нема одново преговори ниту за Преспа, ни со Бугарија за ЕУТој повтори дека ако се бара промена во Уставот за неколку стотини наши сограѓани, кои за себе велат дека се дел од бугарската заедница, тогаш треба да се види што станува со оние граѓани кај нашиот источен сосед, кои што велат дека се дел од македонската заедница.
Никој не е против бугарската заедница, ние ги почитуваме тие неколку стотина наши сограѓани, кои велат дека се дел од бугарската заедница, рече Мицкоски, но бараме од претедателот на Бугарија да ги почитува малцинските и човековите права на македонската заедница таму.
Во неделното интервју за радио Слободна Европа, американската амбасадорка Агелер порача дека „нема одново преговори ниту за Преспа, ни со Бугарија за ЕУ, зошто тие договори се веќе направени“, додавајќи дека „нема одново преговарање за напредок кон ЕУ“.