Берзата во Париз со најголем пад во последните две години

Илистрација

Париската берза во јуни го претрпе најголемиот месечен пад во последните две години, пад од 6,4 отсто, додека француските гласачи се подготвуваат за изборите за викендот за кои предвидуваа силни придобивки за екстремната десница.

Индексот CAC 40 заврши на најниското ниво од 25 јануари во петокот, додека јазот помеѓу приносот на француските и германските 10-годишни државни обврзници се зголеми на највисокото ниво од 2012 година.

Видете и ова: Предизборни анкети: Национален собир со 37 отсто од гласовите на француските избори

Францускиот претседтел Емануел Макрон го распушти парламентот откако неговата партија освои само 15,7 отсто од гласовите на изборите за Европскиот парламент на почетокот на јуни, а Националната алијанса освои 32 отсто.