Нацрт-законот за промени на Законот за здравствена заштита е направен и е испратен во Влада, и со него е предвидено укинување на организациските односно економски директори изјави денеска новиот министер за здравство Арбен Таравари. Тој додаде дека до сега се разрешени 13 в.д. директори.
Таравари посочи дека се надева оти на една од наредните седници во текот на идната недела ќе помине и како одлука на Влада овој закон со кој дополнително се планира клиниките од Кличнички Центар „Мајка Тереза“ да се спојат во една болница во рок од една година. Тој додаде и дека Владата планира да работи повеќе и на темата регионализација, односно децентрализација на здравството, се со цел граѓаните да добијат што повеќе здравствени услуги во клинички болници Тетово, Штип, Битола, Охрид и Струга.
Видете и ова: Дали големите ветувања ќе го станат здравството од постела?Во однос на актуелните проблеми со хируршки сали, таравари изјави дека околу 70-80 отсто работат, но дека проблемот не е во целост надминат. Според него не треба да се бара одговорност за проблемите со копресорот за хируршките сали.
„По информациите што ги добивам, компресорската станица е изградена некаде пред 32-33 години, секои 10 години е сервисирана. Последниот сервис, ако не се лажам, е направен во 2015 година. Сервис морало да се направи на секои 10 години, така што, не е дека не е сервисирана, туку проблемот е што се амортизира. Едноставно, одредени работи, по одредено време, веќе не функционираат како што треба“, изјави Таравари.
Проблемот со хируршките сали трае повеќе од три месеи. Тие едвај функционираат и тоа им направи проблеми и на пациентите кои чекаа ред за операции и на другите болници кои треба да ги згрижат. Во изминатиот период дел од салите работат со надворешни компресори и се оперираат само итни пациенти. Дел ги препраќаат пациентие препраќаат во двете други болници во Скопје, ГОБ „8 септември“ и „Св.Наум Охридски“.