Раководството на Северна Македонија продолжува да го прекршува Договорот од Преспа. Дополнително, се враќа на дејствија од минатото кои алудираат на иредентистичко расположение и целосно непознавање на историјата, соопштуваат од Министерството за надворешни работи на Грција.
Како што јави МИА, во соопштението на грчкото МНР се наведува дека „за прекршувањето на Договорот од Преспа од страна на раководството на Северна Македонија“, пишува дека министерот за надворешни работи на Грција „пред неговите колеги во рамките на Советот за надворешни работи веќе детално ги покрена соодветните прекршувања и ќе продолжи да го прави тоа“.
„Дополнително, прашањето се покренува на меѓународно ниво од страна на грчката Влада. Раководството на Северна Македонија секојдневно, сè повеќе се оддалечува од добрососедските односи што го претставуваат јадрото на европското законодавство и меѓународното право“, пишува во соопштението.
Видете и ова: Нимиц: Неупотребата на уставното име во усна форма ќе предизвика проблемиПретходно државната телевизија ЕРТ објави дека грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на состанокот на Советот на Европската Унија ги информирал своите колеги за, како што вели во изјава за медиумите, фактот што и претседателката и премиерот на Северна Македонија директно го прекршуваат Договорот од Преспа со некористењето на уставното име внатре во државата.
Реакциите од грчка страна следуваат по инаугурацијата на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, како и по изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој рече дека негово човеково право е својата држава да ја нарекува како што сака, и покрај тоа што, како што рече, употребата на уставното име во комуникацијата во и меѓу институциите останува согласно законските одредби.