Во Иран денеска (28 јуни) се отворени избирачките места за претседателските избори, соопшти министерот за внатрешни работи на земјата Ахмад Вахиди.
Претходно врховниот ирански лидер, ајатолахот Али Хамнеи, ги повика гласачите да излезат на гласање во што поголем број бидејќи тоа е неопходно за да се „победи непријателот“.
„Било кој, кој е дури и малку против револуцијата... или исламскиот систем, не ви е од корист“, рече Хамнеи.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Овие вонредни претседателски избори се организираат откако иранскиот претседател Ебрахим Раиси загина минатиот месец во хеликоптерска несреќа, заедно со шефот на дипломатијата.
Околу 61 милион гласачи се повикани да изберат наследник на Раиси. Советот на чуварите, исклучително конзервативно надзорно тело, одобри само шест кандидати за изборите.
Двајца радикални конзервативни кандидати вчера соопштија дека се повлекуваат од претседателската трка во Иран,