Украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој ќе учествува на самитот на Европската унија во Брисел на 27 јуни, најави дека ќе потпише три договори за безбедност, меѓу кои и еден со европскиот блок.
Дводневниот самит, на кој ќе се разговара за помошта на Украина во одбрана од руската инвазија, се одржува неколку дена откако ЕУ ги започна официјалните преговори за пристапување на Киев, потсетува Ројтерс.
Украина, која се брани од целосна руска инвазија од февруари 2022 година, потпиша договори за безбедност со 17 земји оваа година.
Зеленски зборуваше за новиот безбедносен договор што планира да го потпише со ЕУ, но, не именуваше со кого ќе ги потпише другите пакти.
„За прв пат овој договор ќе ја содржи обврската на сите 27 земји-членки да и пружат широка поддршка на Украина, без оглед на внатрешните институционални промени“, напиша тој на социјалната мрежа „Х“.
Видете и ова: Самит во Брисел - европските лидери ги бираат првите функционери на ЕУНабргу по доаѓањето на Зеленски, НАТО објави дека украинскиот лидер ќе се сретне и со генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг.
Киев упати апел до блокот предводен од САД да донесе „силна“ одлука за приближување на Киев до својата група на претстојниот самит на лидерите на Алијансата во Вашингтон.
Поделба на клучните позиции на дневен ред
Во фокусот на дводневниот самит ќе биде распределбата на водечките позиции во институциите на ЕУ.
Лидерите на земјите-членки треба да назначат кандидати за претседател на Европската комисија и висок претставник за надворешна и безбедносна политика со квалификувано мнозинство.
Бидејќи се работи за пакет, треба да се договорат и за името на идниот претседател на Европскиот совет, чиј избор е одговорност на шефовите на држави или влади на земјите членки, како и на претседателот на Европскиот парламент, кој е избран од европратеници.
Преговарачите од три политички групи, Европската народна партија (ЕПП), Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите и либералите постигнаа договор за првите позиции.
Тие се согласија Урсула фон дер Лајен да добие втор мандат на чело на Европската комисија.
Видете и ова: Запознајте го новото лидерство во ЕУ и НАТО: моќниот, јастребот и неавантуристотПретседател на Европскиот совет, како што е договорено, треба да биде поранешниот португалски премиер, социјалистот Антонио Коста, естонската премиерка Каја Калас треба да стане висок претставник за надворешна политика и безбедност, додека претседател на Европскиот парламент треба да остане Малтежанката Роберта Мецола во следните две години.
Според агенциите, на состанокот учествувале шест преговарачи - полскиот и грчкиот премиер Доналд Туск и Киријакос Мицотакис за ЕПП, германскиот канцелар Олаф Шолц и шпанскиот премиер Педро Санчез за СД и францускиот претседател Емануел Макрон и холандскиот премиер Марк Руте за либералите.
Именувањето на Урсула фон дер Лајен во Европскиот совет според овој договор изгледа сигурно, но помалку е сигурно дека таа ќе добие супермнозинство (361 глас) во Европскиот парламент, иако овие партии имаат мнозинство од 399 поддржувачи, бидејќи тие не секогаш гласаат како што гласа мнозинството во групата на нивните следбеници.
Во вторникот, унгарскиот премиер Виктор Орбан остро го критикуваше „договорот на ЕПП со левичарите и либералите“, велејќи дека тој е „против сè на што се заснова ЕУ.
„Наместо инклузија, тој сее семе на поделба. Највисоките функционери во ЕУ треба да ги претставуваат сите земји-членки, а не само левичарите и либералите“, најави Орбан, чија земја ќе го преземе претседавањето со ЕУ на 1 јули.
Премиерот на Италија Џорџија Мелони во средата оцени дека договорот на шесте европски лидери за поделба на клучните позиции не ја почитува волјата на граѓаните изразена на европските избори.
На дводневниот самит, лидерите на ЕУ треба да усвојат и стратешка програма која ги дефинира насоките за дејствување на ЕУ во следните пет години.
Видете и ова: Украина ги започна преговорите за членство во ЕУСамитот започна во четврток рано попладне со средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски, чија земја официјално ги отвори пристапните преговори во вторник.
На самитот, лидерите треба да го поздрават усвојувањето на преговарачките рамки за Украина и Молдавија, како и заедничките позиции за поглавјата за правдата и основните права за Црна Гора, што треба да и овозможи да ги забрза преговорите.