Цените на електрична енергија за домаќинствата од 1 јули во прв блок останува иста, во вториот блок ќе има зголемување од 0,85 проценти, во третиот блок од 1,92 проценти и во четвртиот блок зголемувањето ќе биде 1,88 проценти, соопштија од Регулаторната комисија за енергетика. Претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски на прес конференција соопшти дека евтината струја ќе се зголеми за 0,65 проценти.
Бислимоски посочи дека со ова за 88 проценти од домаќинствата кои што влегуваат со потрошувачка во прв и втор блок, трошокот за стуја ќе се зголеми за 0,4 проценти. За 8 проценти од домаќинствата кои што имаат потрошувачка и во трет блок, месечниот трошок ќе се зголеми за 0,48 проценти. За 4 проценти од домаќинствата кои што влегуваат со потрошувачка во четвртиот блок, трошокот ќе се зголеми за 0,57 проценти.
Видете и ова: Мицкоски најави законски измени за да нема раст на цената на струјата„Зголемувањето на цената за најголемиот дел од потрошувачите од домаќинствата е под 0,5 проценти, ни овозможи тоа што со ЕВН Хоум му дадовме насока 15 проценти од количините кои што не се обезбедени да ги набавува на берзата на електрична енергија што функционира во Македонија, во периодот кога цената на електричната енергија е близу до цената што ЕСМ ја понуди на тендерот од 60 евра за мегават час и дополнително измените на Законот за енергетика што поминаа во вторникот во Собранието овозможија да се примени новата цена на маржата што сега е 9,9 проценти, а претходно беше 11,5 проценти“, рече Бислимоски.
Новата цена на електрична енергија ќе важи од 1 јули 2024 година.