ОН подготвени да распоредат полициски сили во Газа

Појас Газа, илустрација

Обединетите Нации (ОН) се „подготвени да одговорат на секој повик од земјите-членки“ за распоредување полициски сили во Газа, изјави заменик-генералниот секретар на ОН за мировни операции Жан-Пјер Лакроа.

„Доколку надлежните органи не поканат да помогнеме, секако дека ќе дадеме се од себе“, рече тој, одговарајќи на новинарско прашање во седиштето на ОН во Њујорк.

Посочувајќи ги многуте прашања во врска со распределбата на помошта во Газа, Лакроа истакна дека бројот на грабежи е во пораст.

Видете и ова: Затворањето на преминот Рафа спречи најмалку 2.000 евакуации од Газа

Тој ја нагласи потребата да се најде решение за овие проблеми, наведувајќи дека една од опциите може да биде и вклучување на трета страна.

Лакроа рече дека е неизвесно дали таа трета страна ќе бидат ОН, додавајќи дека ќе бидат потребни одредени процеси за вклучување на мировниците на ОН и дека Советот за безбедност на ОН е дел од тој процес.