Финска купи два авиона за надзор на границата со Русија

илустрација

Финска ќе набави два авиони за надзор од американската корпорација Сиера Невада за 163 милиони евра (174 милиони долари). Авионите ќе се користат за надзор на нејзината долга источна граница со Русија, соопшти во четврток (27 јуни) финската гранична стража.

Кон крајот на минатата година, Финска ги затвори сите премини за патниците долж својата 1340 километри граница со Русија на неодредено време, откако околу 1300 мигранти од земји како Сирија и Сомалија пристигнаа преку таа рута.

Хелсинки ја зголемува граничната безбедност бидејќи верува дека Кремљ е подготвен да пренесе повеќе мигранти во секое време - нешто што Москва силно го негира.

„Новиот надзорен авион значително ќе ја зголеми способноста на Финска во задачите за безбедност на границите и поморската безбедност, што е важно во нашата тешко предвидлива безбедносна средина“, изјави началникот на дивизијата за гранична и крајбрежна стража Мати Сарасма.

Видете и ова: Земјите кои граничат со Русија и Белорусија бараат повеќе пари од ЕУ

Новите авиони, кои ќе бидат произведени од канадскиот „Бомбардиер“, а за потребите на граничната стража, ќе ги замени старите авиони со двојни турбопропелери во 2026 и 2027 година.

Новите авиони ќе бидат опремени и со напредни технички системи и модерни сензори за надзор, се додава во соопштението од финската гранична служба.