Украина соборила 23 беспилотни летала истрелани од Русија

илустрација

Воздухопловните сили на Украина соопштија дека ги собориле сите 23 беспилотни летала и пет од шесте проектили истрелани врз Украина од Русија во текот на ноќта.

Регионалниот гувернер на украинската област Хмелницки, Сергиј Тјурин, изјави дека системите за противвоздушна одбрана собориле девет воздушни објекти над неговиот регион.

„Локалните власти немаат информации за жртви или материјална штета“, рече Тјурин.

Видете и ова: Русија и Украина разменија затвореници

Гувернерот на Николаевската област Виталиј Ким изјави дека украинските сили уништиле шест беспилотни летала и три крстаречки ракети над Николаевската област.

Две беспилотни летала беа соборени над Херсонската област и едно над Дњепропетровската област, соопштија украинските власти.