Неколку стотици луѓе починаа од жештините во Пакистан

Pakistan Heat Wave Weather

Стотици луѓе загинале во јужен Пакистан под влијание на многу високи температури, кои не стивнуваат со денови, соопштија властите.

Во текот на претходните шест дена, возилата на брзата помош собраа 568 тела во Карачи, а само во вторникот 141. Вообичаено е мртовечниците да примаат од 30 до 40 тела во еден ден.

Зголемувањето на бројот на смртни случаи следи откако кога температурата во Карачи се искачи над 40 степени, со висока влажност. Според извештаите, максималната измерена температура достигна и до 49 степени.

Граѓанската болница во Карачи прими 267 лица со топлотен удар во периодот од неделата до средата, изјави д-р Имран Сарвар Шеик, шеф на одделот за итни случаи.

Видете и ова: Климатските промени ги зголемуваат шансите за рекордни температури во Индија и Пакистан

Дванаесет од нив починале.

„Повеќето од луѓето кои дојдоа во болница беа на 60-тите или 70-тите години, а имаше и помлади од 45 години, па дури и неколку во дваесеттите“, рече Шеик.

Симптомите на топлотен удар вклучуваат повраќање, дијареа и висока температура.

„Многу од оние што ги примивме работеа надвор. Им рековме да се грижат да пијат многу вода и да носат лесна облека на овие високи температури“, додал лекарот.

Висока температура, опишана од еден метеоролог како „делумен топлотен бран“, го зафати Пакистан минатиот викенд. Затоа се отворени центри и кампови каде граѓаните можат да се освежат.