Градот Скопје, под раководство на градоначалничката Данела Арсовска, назначи тројца нови директори на јавни претпријатија што се под негова надлежност.
Како што информираа градските власти, промени се направени во Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП), ЈП Паркови и Зеленило и ЈП Улици и патишта.
Со градскиот превоз, како нов директор ќе менаџира Драги Кушовски. На директорското место во Паркови и зеленило ќе седне Мартин Ангеловски, а во Улици и патишта Ванчо Умленски.
Видете и ова: Скопскиот градски превоз ќе чека подобри времиња со нова локална власт?„Кушовски, Ангеловски и Умленски доаѓаат на позициите како професионалци од приватниот сектор, со поединечни портфолија, секој повеќе од 15 години работно искуство на раководни позиции. Во следниот период ќе се посветат на отстранување и надминување на предизвиците, со кои јавните претпријатија се соочуваат континуирано во изминатите децении, унапредување на работата на претпријатијата и реализација на програмските активности и проектите“, соопштија од Град Скопје.
Досега, со ЈСП раководеше Крсте Петревски, додека во Паркови и зеленило директор беше Сефи Шабани, а во Улици и патишта Ќамил Ковачи.
Видете и ова: Арсовска градоначалник „За модерно Скопје“ или „Скопје што потона“По доаѓањето на Данела Арсовска на градоначалничката функција по локалните избори во октомври 2021, промените на директорските позиции во јавни претпријатија станаа честа пракса. Првиот бран промени се случи на нецела година од мандатот кога се разидоа патиштата на Арсовска со ВМРО-ДПМНЕ, партијата која ја поддржа на изборите, поради меѓусебни обвинувања околу тендерот за пречистителната станица во Скопје.