Премиерот Христијан Мицкоски денеска изрази подготвеност да седне на маса со бугарскиот претседател Румен Радев и со лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов ако тој повторно стане премиер, но посочува дека изнаоѓањето решение е двонасочна улица и дека не можеме да бидеме добри соседи ако немаме меѓусебно почитување.
„Јас жалам што од страна на нашиот источен сосед доаѓаат вакви пораки. Јас мислев дека ваков тип на анахрони пораки се дел од средниот век, но за жал ете во современа Европа во 21 век во Европа сепак постоеле вакви политичари како што вие го цитиравте (Радев). Јас сум подготвен да седнам и покрај тоа и да разговарам и со едниот и со другиот. Јас му посакувам на господинот Борисов да ја формира Владата во Бугарија бидејќи ние доаѓаме од Европската народна партија и логично е јас да посакувам нашиот источен сосед да има премиер кој доаѓа од истото семејство. Но исто така мојата порака е дека поминаа времињата кога овде кај нас имаше политичари кои беа сервилни, кои што виткаа кичма, кои што коленичеа, потпишува се и сешто што им беше ставено на маса“, изјави Мицкоски.
Неговата изјава доаѓа откако денеска бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека „новата власт во Северна Македонија покажала дека најголемиот страв на политичката класа во оваа држава е да го препознае самото постоење на зборовите „Бугарин“ и „бугарски“.
Видете и ова: Радев: Маските паднаа, власта во Скопје се плаши да препознае „Бугарин“ и „бугарск0“„Јас сум за тоа да се почитуваат договорите, тоа е двонасочна улица. Јас сум за тоа да се градат пријателства со соседите, соседите се факт и ние не можеме да избегаме од тој факт. Јас сум за тоа да се градат мостови, но истовремено и да се почитуваме. Ние не можеме да бидеме добри соседи ако немаме меѓусебно почитување. Не е добрососедство ако едната страна е понижена, а другата страна ликува. Тоа не е добрососедство, тоа е срам за едната, а другата страна не ја исполнила својата цел“, рече Мицкоски.
Видете и ова: Бугарско МНР: Неприфатливо е Северна Македонија да не се придржува до потпишаните договориВо однос на тоа дали тој има некакви гаранции од Брисел дека ќе се надмине ова прашање, премиерот вели дека политиката на оваа Влада е за градење мостови со нашите соседи. Повтори македонската влада е подготвена да седна каде било, дека не бега од решение, но дека тоа решение треба да биде достоинствено.