Бразил ja декриминализираше марихуаната за лична употреба

плантажи со марихуана, илустрација

плантажи со марихуана, илустрација

Врховниот суд на Бразил го декриминализираше поседувањето марихуана за лична употреба, што може да придонесе за намалување на бројот на затвореници во земјата.

Поседувањето на мали количини канабис во иднина ќе се смета за прекршок без дополнителни правни последици, одлучи Врховниот суд.

Конкретните износи кои спаѓаат во новите правила ќе ги дефинираат судиите во наредните денови, пренесе агенцијата ДПА.

„Ние не ја легализираме употребата на дрога, ниту велиме дека тоа е добра работа“, изјави претседателот на Врховниот суд, Луис Роберто Баросо.

Видете и ова: Легалната марихуана завршува на нелегалниот пазар

Тој рече дека судиите имаат за цел да најдат најефективен начин за справување со „епидемијата“ на дрога во Бразил, бидејќи претходните стратегии не успеале да ја спречат растечката потрошувачка и трговија со опијати.

„Канабисот сè уште е нелегална супстанца и не може да се конзумира во јавноста“, подвлече Баросо.

Декриминализацијата на марихуаната во Бразил може да помогне да се намали пренатрупаноста на затворите. Во моментов во Бразил се затворени околу 840 000 луѓе, многу од нив поради поседување на мали количини на дрога.

Бразил, земја со околу 210 милиони жители, има трет најголем број затвореници во светот, веднаш по Соединетите Држави и Кина.