Европската унија официјално ги отвори преговорите за членство со Украина на 25 јуни, давајќи и на земјата политички поттик среде руската инвазија. Сепак, земјата се соочува со долг пат на реформи пред официјално да се приклучи на Унијата.
Украинскиот премиер Денис Шмихал во обраќањето на средбата во Луксембург рече дека ова е историски момент и значаен чекор за Киев и ЕУ кон „заедничка голема победа“.
„За нашата нација, Европската унија значи многу повеќе од физички простор. Таа ги претставува вредностите и домот“, рече тој.
Официјалното отворање на преговорите го поздрави и претседателот на Украина, Володимир Зеленски, велејќи дека европскиот проект навистина ќе биде завршен само кога Украина ќе биде дел од него.
Видете и ова: Шаленберг: Неопходно е проширувањето на ЕУ да се турка напред поради безбедноста„Од денес имаме целосна доверба: Украина дефинитивно ќе стане полноправна членка на Европската унија“, рече Зеленски во видео обраќањето од Киев.
Состанокот за отворање на преговорите беше симболичен и вистинските преговори ќе започнат дури откако ЕУ ќе ги разгледа украинските закони за да процени какви реформи се потребни за да се исполнат стандардите на Европската унија.
Меѓутоа, со означување на почетокот на преговорите со Украина и Молдавија, ЕУ сигнализираше дека и двете земји се на патот на оддалечување од руското влијание и поголема интеграција со Западот.
„На Украинците е да одлучат за иднината на Украина“, изјави белгискиот министер за надворешни работи Хаџа Лахбиб.
На патот кон членство во Европската унија, земјите мора да спроведат низа реформи со цел усогласување на нивното законодавство и стандарди со европските, вклучително и борбата против корупцијата и регулацијата на земјоделството и усогласувањето на царините.
Видете и ова: ЕУ официјално ги одобри преговорите за членство на Украина и МолдавијаНа земјите-кандидатки им треба одобрение од сите 27 членки на ЕУ за да го отворат и затворат секој чекор од преговорите за членство.
Украина и Молдавија аплицираа за влез во ЕУ набргу по почетокот на руската инвазија, додека добија кандидатски статус во јуни 2022 година.
Во декември добија зелено светло за почеток на преговори.