Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) пресуди дека од анексијата на полуостровот во 2014 година, Русија ги прекршила човековите права на Крим.
Судот со седиште во Стразбур во пресудата од 25 јуни изјави дека злосторствата извршени од Русија вклучуваат малтретирање и заплашување на свештеници и новинари. Москва ги негираше овие тврдења, кои до судот ги достави Украина.
Тоа се однесува и на обвинувањата на Киев дека Русија ги прогонувала Украинците поради нивниот политички став или проукраински активности, без разлика дали се случувале на Крим или други делови на Украина или во Русија.
Видете и ова: Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на поранешниот министер за одбрана на РусијаКиев инсистира на тоа дека Москва го контролира полуостровот од 27 февруари 2014 година и дека руските сили мачеле и убиле полицајци, како и цивили, наводи кои и Москва ги негира.
„Постои прекршување на членовите 5 и 7 од Женевската Конвенција поради континуираната административна практика на незаконско лишување од слобода, прогон и осуда на „украинските политички затвореници“ врз основа на примената на рускиот закон на Крим“, се вели во една од одлуките на судот.
„Судот едногласно одлучи дека Русија мора да преземе мерки што е можно поскоро за безбедно враќање на затворениците префрлени од Крим во казнените институции на територијата на Руската Федерација“, се наведува понатаму.
Правните прекршувања извршени од Русија, понатаму наведува Судот, вклучуваат кршење на правото на живот, забрани за нечовечко или понижувачко постапување, слобода на вероисповед и слобода на изразување, меѓу другото.
Меѓународната заедница ја осуди анексијата на полуостровот Крим од страна на Москва и тековната инвазија на Украина, која ја започна во февруари 2022 година.