Првата пратка муниција во рамки на чешката иницијатива за набавка на артилериска муниција пристигна во Украина, изјави денеска чешкиот премиер Петр Фиала.
„Првата пратка муниција од нашата иницијатива пристигна во Украина пред извесно време. Ние го правиме тоа што е потребно“, објави Фиала на платформата Икс.
Чешката Република во мај објави дека првите 50 000 до 100 000 артилериски гранати ќе стигнат до Украина во јуни.
Видете и ова: Иницијативата на Чешка собра 1,6 милијарди воена помош за УкраинаНа 29 мај, Фиала соопшти дека иницијативата на Чешка за забрзување на испораката на оружје за Украина собра 1,6 милијарди евра. Тој истакна дека средствата се донирани од 15 земји-членки на Европска Унија и на НАТО, но не наведе повеќе детали. Исто така беше посочено дека иницијативата ќе продолжи сè додека е потребно.
Фиала тогаш го повтори ставот на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг дека западните држави треба да ги укинат ограничувањата со кои на Украина и се забранува употреба на донираното оружје за напад врз руска територија.