Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи ги повика гласачите да излезат масовно на претседателските избори што ќе се одржат на 28 јуни со цел „да се победи непријателот“, осудувајќи ги политичарите кои веруваат дека сè добро доаѓа од Соединетите Држави.
Иако не прецизираше за кои претседателски кандидати станува збор, се верува дека изјавата на ајатолахот Али Хамнеи директно ја поткопува кандидатурата на единствениот кандидат за реформи, 69-годишниот кардиохирург Масуд Пезешкијан, пренесуваат светските агенции.
Во последните говори, Пезешкијан го повика Иран да се врати на нуклеарниот договор од 2015 година и да се приближи до Западот.
Видете и ова: Иран одобри шест претседателски кандидати, меѓу нив и шефот на парламентотИзборите беа распишани откако претседателот Ебрахим Раиси загина во хеликоптерска несреќа во мај. Поранешниот претседател Раиси, министерот за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан и неколку други функционери на Иран загинаа на 19 мај кога хеликоптерот со кој патуваа се урна во лоши временски услови во планинска област во близина на границата со Азербејџан.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Инаку според прописите, секоја содржина за која се смета дека има за цел да ја обесхрабри излезноста на гласачите или да промовира бојкот на изборите, како и да организира каква било форма на нелегални протестни собири, штрајкови или демонстрации, сега е класифицирана како „криминална“.